Хрватскиот шампион Динамо Загреб е заинтересиран во своите редови да го доведе поранешниот фудбалер на Барселона, Макси Лопез кој беше во брак со сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара.
35-годишниот аргентински напаѓач минатата сезона ги бранеше боите на Васко де Гама, со која му истече договорот и сега е слободен фудбалер. Лопез потекнува од школата на Ривер Плата, од која во 2005 година потпиша за Барселона. Покрај за каталонскиот гигант во кариерата настапуваше и за екипите на Милан, Сампдорија, Киево, Торино и Удинезе во Италија, како и за шпанска Мајорка.
Сепак, најпознат е по бракот со контроверзната Ванда Нара која во 2013 година го остави поради неговиот голем пријател во тоа време Мауро Икарди.
Il #Crotone sogna Maxi Lopezhttps://t.co/hoWcJwxsLT
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 19, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА