Македонската репрезентација за фудбалери до 18 години доживеа пораз од соодветната селекција на Украина од 1-2 на првиот натпревар од турнирот „Вачлав Јежек“ кој се игра во Чешка.
Селекцијата на Шкумбин Арслани одиграла квалитетен натпревар во кој не биле искористени неколку добри шанси, па Украинците со гол во 83. минута дошле до триумфот со автогол на македонскиот голман.
Македонија на дуелот против Украина настапи во следниот состав: Николовски, Костовски, Ѓурковски, Терзиев, Асани, Тодоровски, Николов, Станковски, Фета, Максимов, Илијевски, а играле уште и Парталко, Новевски, Рамани и Фетаи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА