Македонскиот вицешампион Работник преку официјалната веб-страница објави дека стартува со продажба на сезонски билети. Битолскиот клуб сезонава првпат во историјата ќе биде дел од СЕХА-лигата, како и од групната фаза од Лигата на шампионите, но се уште нема добиено официјална потврда каде ќе биде домаќин, односно дали салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе биде прифатена како адекватна за „фармацевтите“ да бидат домаќини во својот град.
Од РК Работник објавија дека интернет адресата на веб платформата за онлине продажба на билетите е www.kartieurofarm.mk, и на истата може да се најдат сите потребни информации поврзани со начинот на купување на картите.
На оваа веб локација можете да купите билети за престојните натпревари, и тоа:
– Блок полусезонски билет за сите натпревари во Лига на шампиони и СЕХА лига за првата полусезона (до 31.12.2019 година) – 1 850 денари.
– Полусезонски билет за сите натпревари во Лига на шампиони за првата полусезона (до 31.12.2019 година) – 1 000 денари.
– Полусезонски билет за сите натпревари во СЕХА лигата за првата полусезона (до 31.12.2019 година) – 1 000 денари.
– Единечна карта за секој натпревар посебно – 250 денари.
Онлajн продажбата на билети ќе започне во четврток, 22.8.2019 година во 15:00 часот. На порталот за онлине продажба ќе може да се купат блок полусезонските билети за Лигата на шампионите и СЕХА лига како и полусезонски билети поединечно за СЕХА и Лигата на шампионите. Продажбата на овие билети ќе биде отворена во периодот од 22.8.2019 до 29.8.2019 година. Купените онлине билети во овој период (во принтана хартиена форма ) ќе треба да се заменат со трајни пластифицирани билети/картички. Замената на истите ќе се врши во туристичката агенција „S – TRAVEL“ (ул. Моша Пијаде бр.8 Битола, Стара чаршија) почнувајќи од 30.08.2019 година.
Во меѓувреме, се вршат силни напори за во салата „Боро Чурлевски“ да се поправат сите недостатоци, за ЕХФ и СЕХА да дадат зелено светло и сезонава да може да се следи ракометната Лига на шампиони во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА