Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 18 години славеше против соодветната селекција на Словачка со 3-2 (2-1) во 2. коло на турнирот во Чешка.
Словаците поведоа со голот на Томаш Риго уште во 5. минута од средбата, но Македонија израмни со голот на членот на Њустарс, Бехар Фета во 26. минута. Веќе во 30. минута Лука Станковски донесе водство за македонската селекција од 2-1.
Во вториот дел Словачка успеа повторно да израмни во 56. минута со голот на Адријан Можиш, но победата на Македонија и ја донесе Марио Илиевски во 82. минута.
Повеќе од заслужена победа на Македонија која беше далеку подобар противник. Вчера македонската селекција загуби од Украина со 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА