Глеб Калараш е на добар пат да се врати назад во Вардар, само неколку месеци откако си замина од таборот на европскиот првак и потпиша договор со Мотор Запорожје. Рускиот репрезентативец веднаш зажали за ваквата одлука и по делумното средување на финансиската криза изрази желба да остане, Мотор инсистираше на отштета, што значеше и почеток на проблемите.
Токму затоа Калараш не се појави на првата прозивка на украинскиот првак, туку беше прекомандуван во втората екипа на Мотор. Денеска конечно бил постигнат договор за прекин на соработката меѓу Калараш и Мотор, по што Русинот експресно може да потпише за Вардар, па дури и да биде во комбинација за настап на Супер-глоуб.
Калараш ќе биде од голема помош во играта во одбрана, но и во нападот на позицијата пивот откако Мораеш си замина во Веспрем, а капитенот Стоилов се мачи со незгодна повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА