Конор МекГрегор во април оваа година предизвика скандал, во еден бар во Даблин физички напаѓајќи постара личност. Неодамна беше објавено и видео од инцидентот кој ја шокираше јавноста.
Причина за нападот е бизарна. Гостинот одбил да се напие од неговиот Пропер 12 виски, па Конор одлучил физички да се пресметка. За првпат и жртвата се обрати пред јавноста нарекувајќи го МекГрегор насилник со пари.
„Можам да примам удар, но ете тој се насрна одеднаш. Бев во оток околу седум дена. Тој не ми се допаѓа воопшто. И претходно секако имаше лоша репутација затоа што едноставно се работи за насилник. Тој што и да прави во животот не може да биде ништо друго освен насилник, насилник со пари“ – истакна жртвата на Конор.
Се огласи потоа и самиот МекГрегор кој испрати извинување за своите потези…
„Човекот си го заслужи својот мир. Погрешив, преземам целосна одговорност. Што и да се случи со овој случај, ќе се соочам. Моето однесување е неприфатливо“ – рече МекГрегор за ЕСПН.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА