Вкупно 22 пливачи на утрешниот 32. Охридски пливачки маратон

Вкупно 22 пливачи во машка и во женска конкуренција, утре со почеток во 12 часот, ќе учествуваат на 32. Охридски пливачки маратон организиран од Пливачката федерација под подокривителство на претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски.

Патеката „Климе Савин“ долга 25 километри е четврта во Ултра Гран при серијата од ФИНА и според конкуренцијата ќе биде една од најдобрите сезонава.

„На неполни 24 часа до почетокот на Охридскиот пливачки можам да кажам дека се е подготвено и сите можеме да со насочиме кон борбата на пливачите. Сите проценки кажуваат дека трката ќе биде возбудлива, а истото и јас го посакувам и победа на некој од трите македонски пливачи“  изјави првиот човек на ПФСМ, Александар Маленко.

Во соработка со португалската компанија „lap2go“ целата патеката ќе биде електронски покриена и ќе можат резултатите да се пратат онлајн. Овој систем успешно дебитираше на ЛЕН трката на 10 километри која се одржа во Охрид минатата недела. Претставникот од Светската пливачка организација (ФИНА), Жан Пол Нарс рече дека се е под контрола и задоволени се сите потребни критериуми за одржување на маратон во Ултра серијата.

Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски и Леонид Мишевски се тројцата македонски претставници. Наградниот фонд на маратонот е 15.000 долари.

ФОТО: www.ohridnews.com.mk

Се вчитува...