Металург загуби од израелскиот прволигаш Рамат Хашрон на својот прв натпревар на турнирот во Кањижа, Србија. „Металурзите“ по голема борба и повеќе неискористени шанси загубија со 30-32 (14-15).
Почетокот на средбата мина во испитување на силите, па така течеше и резултатот, во наизменично водство на двете екипи. Израелците први направиле резултатски исчекор, во 17. минута за убедливи 5-10. Металург успеа да се собере и во 27. минута го израмни резултатот, 13-13, за да на одмор се замине со 14-15.
Во второто полувреме во 44. минута противникот поведе со максимални +6 гола разлика, (18-24). Стојановиќ побара тајмаут, а потоа се разбрани и Дупјачанец, кој средбата ја заврши со 12 одбрани, меѓу кои и два седмерци. Металург доби крилја и во 56. минута намали на 30-31. Имавме напад за израмнување, кој не резултираше со погодок, а потоа згреши и противникот, кој ни даде нови 30 секунди надеж. Последниот напад повторно отиде преку Поповиќ, кој за жал повторно не погоди, па во последните десетина секунди Израелците постигнаа уште еден гол, за конечни 30-32.
Денеска Металутг ќе го одигра и вториот натпревар, против фаворитот на турнирот Нексе. Оваа средба ќе се одигра со почеток од 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА