Убав „танц“ на Шкупи и Ренова, голеада за реми (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкупи и Ренова одиграа квалитетен натпревар со многу возбудувања во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига кој заврши без победник, 2-2.

„Гипсарите“ имаа сериозна можност на Чаир да стигнат и до третата победа сезонава, но нивната радост беше скратена во 90. минута кога Јурина го постигна вториот гол за Шкупи за конечни 2-2. Во секој случај, максимално изненадувачки, Ренова од стартот на сезоната потврдува дека планира да игра сериозна улога во битката за врвот во новиот шампионат…

 

Се вчитува...