Хрватот Иван Ракитиќ воопшто не доби шанса за настап во синоќешниот триумф на Барселона од 5-2 против Бетис. Па, првпат по две години беше резерва на два едноподруго натпревари на Барса.
Како што пренесуваат шпанските медиуми сето тоа е така затоа што Ракитиќ во текот на денешниот ден го решава своето заминување во редовите на Јувентус. Денеска се очекува да се заокружат деталите околу трансферот на хрватскиот фудбалер од Барселона во Јувентус.
31-годишниот Ракитиќ пет години беше незаменлив првотимец на Барселона, за која одигра 269 натпревари освојувајќи речиси се што може да се освои. Но, со доаѓањето на младиот Френки Де Јонг се пресели на клупата за резервни фудбалери, па токму поради тоа сега следи преселбата во Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА