Никој во редовите на ПСЖ не мисли на синоќешната убедлива победа над Тулуз, ако се знае дека целокупниот фокус е кон повредата на Килијан Мбапе.
Непријатни вести за ПСЖ доаѓаат по првичните прегледи на Мбапе кој синоќа заработи повреда на задната ложа. Според последните информации кои ги пренесуваат француските медиуми, сепак, се работи за посериозна повреда поради која можно е Мбапе да отсуствува и до два месеци од фудбалските терени.
Ако на ова се додаде дека пред Мбапе повреда против Тулуз заработи и Кавани, јасно е дека Тухел се соочува со огромни главоболки.
Not what PSG fans want to see.
Mbappe grimacing as he clutches his left hamstring. pic.twitter.com/ZSNUuySqXt
— ESPN FC (@ESPNFC) August 25, 2019
Сето тоа носи паника во редовите на ПСЖ, ако се знае дека во тимот не сметаат и на Бразилецот Нејмар кој, и да остане во клубот, се уште не е во планови за настап.
Mbappé limps off with a hamstring injury #PSGTFC pic.twitter.com/K9A25xrKFD
— Football 24/7 (@foetball247) August 25, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА