Шок за Барса: Меси уште еден месец „во аут“

Лионел Меси нема наскоро да се врати на терените откако беше обелоденето дека Аргентинецот ја обновил повредата на мускулот и ќе мора да отсуствува уште еден месец од фудбалските терени. Големиот ас требаше да се врати на терените на минатонеделниот меч со Бетис, но во последен момент отпадна од комбинација.

„Радио Каталуња“ денеска објави дека ситуацијата воопшто не е наивна бидејќи аргентинскиот голгетер ја обновил старата повреда. Тој денеска воопшто не се појави на тренинг со остатокот од тимот, а лекарскиот тим на Барселона не обелоденува детали околу новата повреда.

Медиумите откриваат дека станува збор за кинење на мускулни влакна, што ќе значи пауза од околу триесет дена од терените. Меси дефинитивно го пропушта гостувањето во Баскија против Осасуна, потоа дербито со Валенсија, но и премиерниот меч од Лигата на шампионите закажан за средината на месец септември.

Се вчитува...