Најтрофејниот македонски клуб без апсолутно никакви проблеми стигна до осминафиналето во Купот на Македонија.
Во 1/16-финалната пресметка денеска во Македонска каменица, „вардарци“ славеа убедливо со 0-5 (0-3) против второлигашот Каменица Саса за лесен пат во осминафиналето. Стрелци за Вардар беа Ибиши, Игнатов, Цветаноски во два наврати и Аврамовски.
Претходно, како што е познато, место во осминафиналето обезбедија и Шкендија, Академија Пандев, Македонија ЃП, Силекс, Охрид, Ренова, Лабуништа, Пелистер, Брегалница, Шкупи, Струга Трим Лум, Работнички, Тиквеш, Борец и Осогово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА