Данецот Николас Бендтнер повторно се најде на насловните страници од таблоидите. И, ако неговата кариера е во постојан пад, тогаш не изостануваат лудориите интересни за жолтиот печат.
Вниманието на јавноста сега го привлече со видеозапис на кој ужува со девојка, која на снимката е речиси гола. Самиот Бендтнер ја објави снимката, за да кратко потоа се одлучи да ја избрише. Но, веќе беше доцна. Видеозаписот беше преземен од медиумите и сега веќе кружи низ интернет просторот предизвикувајќи различни реакции…
Данскиот офанзивец во својата кариера играше за Арсенал, Бирмингем, Сандерленд, Јувентус и Волфсбург, и на крај во Розенберг кој сега сака да се ослободи од него по секоја цена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА