Сари ги изненади фудбалерите и ги налути челниците на Јувентус

Маурицио Сари ја пропушти првата средба на Јувентус затоа што се опоравува од запаление на белите дробови. Но, би можел да дебитира на клупата на „Старата дама“ против својот поранешен клуб Наполи во сабота.

Во прилог на тоа оди и фактот дека вчера ги изненади фудбалерите појавувајќи се на тренинг, кој пак го водеше неговиот помошник Џовани Мартушчиело..

Но, не го дочекаа сите во клубот со воодушевување. „Кориере дела сера“ објави фотографија на која Сари пред својата куќа позира со навивачи, а во раката држи кутија цигари. Италијанските медиуми пишуваат дека челниците на Јуве се налутиле на тоа, затоа што дури и во време на лечење на запаление на белите дробови тренерот не се откажува од цигарите.

 

Сари пред болеста пушел и до четири кутии дневно.

Се вчитува...