Искусниот шпански стратег, Пабло Ласо останува на клупата на кошаркарската секција на Реал Мадрид до летото 2021. година, потврдија од кралскиот клуб.
„Реал Мадрид и Пабло Ласо се согласија на продолжување на договорот, кој подразбира дека тренерот ќе остане во клубот до 30. јуни 2021. година“, стои во соопштението од клубот.
Искусниот стратег во Мадрид пристигна во 2011. година, а со новиот договор тој ќе остане на кормилото на најтрофејниот европски тим цела деценија. Претходно, десет сезони во низа на клупата на Реал беше само легендарниот Лоло Сајнц (14). По водство на Ласо, Реал Мадрид двапати ја освојуваше Евролигата, а по петпати ги освојуваше шпанската лига и купот на кралот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА