Сопственикот на ФЦС Букурешт, поранешна Стеауа, Џиџи Бекали по првиот натпревар на неговиот тим во плејоф рундата за Лигата на Европа против португалска Виторија Гимараеш коментираше дека ‘ќе си ја отсече главата ако Стеауа прими гол на реваншот во Португалија’.
На првата средба во Букурешт резултатот беше 0-0, а синоќа Романците загубија со 1-0 во Португалија и не успеаја да се изборат за групната фаза од Лига Европа. Па, португалските навивачи му испратија порака од трибините на Бекали…
„Отсечи си ја главата идиоту…“
Победничкиот гол Португалците го постигнаа со удар од белата точка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА