Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски со својот Ференцварош ќе игра групата Х заедно со екипите на ЦСКА Москва, Еспањол и Лудогорец. Вториот македонски репрезентативец во Лигата на Европа Стефан Ристовски со Спортинг Лисабон се најде во групата Д каде за противник ќе ги има екипите на ПСВ Ајднховен, Розенборг и Ласк.
Најнеизвесна ќе биде групата Ф во која ќе играат минатогодишниот финалист Арсенал, Ајнтрахт Франкфурт кој играше полуфинале, Стандард Лиеж и Виторија. Интересно ќе биде и во Ј сегментот каде се наоѓаат Рома, Борусија Менхенгладбах, Басекшехир и Волфзберг.
Во групата Г, шампионот од 2017 година Манчестер Јунајтед ќе игра со српскиот Партизан, Астана и Аз Алкмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА