Голема дерби пресметка го очекува македонскиот фудбал во осминафиналето од Купот на Македонија. Денешната ждрепка во ФФМ сакаше во битката за четвртфинале да се соочат Вардар и Шкендија.
Од останатите дуели интересни пресметки се очекуваат меѓу Брегалница и Македонија ЃП, како и Пелистер – Работнички.
ОСМИНАФИНАЛЕ ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
Вардар – Шкендија
Ак. Пандев – Осогово
Брегалница – Македонија ЃП
Шкупи – Силекс
Пелистер – Работнички
Тиквеш – Ренова
Лабуништа – Охрид
Борец – Струга ТЛ
- Првите натпревари се играат на 25. септември во 15:30 часот, а реваншите се на 30. октомври во 13:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА