Довчерашниот фудбалер на Лабуништа, Игор Клечкароски е најновото засилување на Охрид за новата натпреварувачка сезона во Втората лига – Запад.
Офанзивецот Клечкароски со охриѓани се договори за едногодишна соработка, а по регистрацијата се очекува да биде на располагање на стручниот штаб веќе за неделниот натпревар против Гостивар во 2. коло од Втората лига.
Клечкароски повторно се враќа во Охрид клуб во кој претходно беше еден од водечките фудбалери во сезоната во која се избори за прволигашки статус.
Од Охрид, пак, си замина голманот Оливер Митрески кој се пресели во Лабуништа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА