Белгискиот репрезентативец Еден Азар е избран за најдобар фудбалер во Лигата на Европа за сезона 2018/2019. Белгиецот минатата сезона го предводеше Челси до титулата во најмасовното европско фудбалско натпреварување, а ова лето се пресели во редовите на Реал Мадрид за сума од 120 милиони евра.
Азар минатата сезона во Лигата на Европа запиша осум настапи за Челси на кои постигна два гола и забележа две асистенции. Второто место го освои неговиот поранешен соиграч од Челси, Оливие Жиру, а третото место го доби неговиот нов соиграч Лука Јовиќ кој минатата сезона ги бранеше боите на Ајнтрахт Франкфурт.
? Congratulations, @hazardeden10! ?
? UEFA @EuropaLeague Player of the Season
? 2018/19#HalaMadrid | #UEFAawards— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) August 30, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА