Смолинг претставен во Рома (ВИДЕО)

Англискиот фудбалер Крис Смолинг официјално е претставен како нов фудбалер на Рома. Тој на „Олимпико“ ќе премине на едногодишна позајмица која ќе трае до јуни месец 2020. година. „Црвените-ѓаволи“ за позајмицата ќе заработат 3 милиони евра.

Смолинг во Манчестер Јунајтед пристигна во 2010 година од редовите на Фулам, а за тимот од „Олд трафорд“ запиша 206 натпревари, а беше дел и од освојување на титулите во Премиерлигата во сезоните 2010/11 и 2012/13.

 

Се вчитува...