Севилја и Селта Виго одиграа нерешено 1-1 во премиерниот натпревар од 3. коло во шпанската Ла лига. Домаќинот на мечот беше подобар во првиот дел во кој дури 11. пати упати удар кон голот на гостите, а имаше и големи 65 отсто посед на топка, но не успеа да ја искористи доминацијата на теренот.
Во второто полувреме падна темпото на играта, а за возбудувања чекавме до 81. минута. Домаќините поведоа со голот на Франко Васкез во 81. минута, но по само три минути гостите израмнија со голот на Денис Суарез кој ги постави конечните 1-1.
Севилја е на првото место на табелата со седум бода по три меча, но и натпревар повеќе од ривалите. Селта Виго по три натпревари има освоено четири бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА