Поранешниот светски и олимписки првак во атлетика, Мајкл Џонсон, се пофали со неверојатниот напредок и враќањето на нормален живот само една година по претрпениот мозочен удар.
„Пред една година не можев да одам откако претрпев мозочен удар. Благодарение на психолошката стабилност што ја имам како олимпиец, два месеци подоцна можев и да трчам. Денеска, благодарен сум им на сите од семејството, пријателите фановите.. за неверојатната поддршка“ – напиша Џонсон на официјалниот твитер-профил, објавувајќи и видео во кое потврдува дека сега се наоѓа во топ-форма.
Американецот се уште е единствен атлетичар што успеал да стигне до златни медали на 200 и на 400 метри на исти Олимписки Игри, нешто што му успеа на ОИ во Атланта во 1996 година. Тој ја заврши професионалната кариера во 2008 година.
A year ago today I was unable to walk having suffered a stroke. Thanks to the mindset learned as an Olympian, 2 months later I was back running! Today I’m thankful to my family, friends, fans, and @mjp360 for the incredible support! #strokesurvivor #health #Olympics #motivation pic.twitter.com/95KB1cciTF
— Michael Johnson (@MJGold) August 30, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА