Македонскиот првак Шкупи оствари одличен резултат освојувајќи го првото место во претквалификациската група за ЛШ во футсал, со што Шкупи си обезбеди влез во главните квалификации за елитното европско натпреварување.
По двете убедливи победи во првите две кола, македонскиот клуб денеска го имаше најтешкиот испит против екипата на Локомотив Даугапилс од Летонија. И реми беше доволно за Шкупи да се задржи на првото место на табелата, но играчите на македонскиот шампион не калкулираа, туку триумфираа со 3-2 и со максимални три победи се пласираа во главните квалификации.
Шкупи поведе со 2-0, екипата на Локомотив успеа да израмни на 2-2, но еуфорија меѓу присутните во СРЦ „Кале“ предизвика Петровиќ, постигнувајќи го голот за победа во 36. минута од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА