Интер извиси – Ребиќ потпишува за Милан

Анте Ребиќ требаше да биде последното засилување на Интер во летниот преоден рок, но „нероаѕурите“ ќе извисат во трката по хрватскиот репрезентативец откако во неа се вклучи градскиот ривал Милан. Челниците на Интер десетина дена преговараа со Ајнтрахт, но проблем беше фактот дека се чекаше најпрвин да го продадат Политано во Фиорентина, за потоа да го комплетираат доаѓањето на Ребиќ на „Џузепе Меаца“.

Трансферот на Политано во меѓувреме се искомпликува, а целата ситуација ќе ја искористат водечките луѓе на Милан, кои ги финишираат преговорите со Ајнтрахт за хрватскиот крилен офанзивец. Германскиот клуб го има проценето Ребиќ на 40 милиони евра, сума што „росонерите“ можат да си ја дозволат по неуспешниот трансфер на Кореа од Атлетико Мадрид.

Воедно, оваа сума ќе биде намалена со испраќање на Андре Силва на позајмица во Ајнтрахт како дел од трансферот на Ребиќ.

Се вчитува...