Ивана Шпановиќ речиси сигурно ќе го пропушти претстојното Светско Првенство во Доха откако српската атлетичарка заработи повреда на денешниот митинг во Берлин.
Таа се повреди во шестата серија и со солзи во очите го напушти стадионот, свесна дека ситуацијата воопшто не е наивна.
„Станува збор за повреда на задната ложа, додека земаше залет во последната серија. Тоа најверојатно значи дека Ивана нема да може да настапи на СП во Доха. Веднаш по враќањето во Белград ќе ги извршиме сите прегледи, по што ќе се знае многу повеќе за сериозноста на повредата и должината на паузата“ – истакна тренерот на Шпановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА