Навивачите на Рома со емотивна порака до Луис Енрике (ФОТО)

Навивачите на Рома ги бодреа своите миленици на големото дерби со Лацио, но ја искористија можноста и да му искажат поддршка на Луис Енрике во неговите најтешки моменти во животот, откако неговата деветгодишна ќерка Џана ја загуби битката со тешката болест.

Џана почина во четвртокот, до Енрике стигнуваат емотивни порака од фудбалскиот свет, а римјаните не го заборавија стратегот што го водеше овој тим во сезоната 2011/12 истакнувајќи две пораки на „Олимпико“.

„Почивај во мир, мал ангелу… Чао Џана“ и „Форца Луис“.

Се вчитува...