Поранешниот англиски репрезентативец Мајкл Овен откри дека во 2005 година по една година помината во Реал Мадрид сакал да се врати во Ливерпул, но неговиот поранешен клуб не можел во тој момент да ја израмни понудата од 17 милиони евра која ја дал Њукасл.
„Требаше да го следам својот инстинкт. Не сакав да одам таму, бидејќи моето срце беше врзано за Ливерпул. Од оваа перспектива, јасно е дека тоа беше назадување во мојата кариера. Навивачите на Њукасл сметаат дека тимот е за 10 отсто подобар од реалната слика. Тие живеат во илузија. Завршив таму бидејќи Ливерпул не можеше да ја изедначи нивната понуда“, искрено одговори Овен.
Овен во кариерата настапуваше и за Манчестер Јунајтед, со кој конечно успеа да ја освои титулата во Премиер-лигата, а кариерата ја заврши во Стоук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА