Тричковски и Спировски се приклучија на репрезентацијата во Тел Авив (ФОТО)

ЕКИПА во Тел Авив,

Никола Ѓуровски

Македонската репрезентација по тричасовен лет пристигна во Тел Авив од каде следи транспортот до подготвителната база во Ашдод во пресрет на квалификацискиот натпревар против Израел кој не очекува на 5. септември.

На националниот тим, на аеродромот во Тел Авив им се приклучија и офанзивецот на АЕК Ларнака, Иван Тричковски кој директно од Кипар допатува во Израел, како и Стефан Спировски од Унгарија. На репрезентацијата во попладневните часови во Ашдод треба да се приклучат и Пандев, Несторовски, Трајковски и Димитриевски.

Се вчитува...