Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години триумфираше со 2-1 против соодветната селекција на Бугарија на пријателскиот натпревар кој се одигра на гостински терен.
Кире Трпчевски и Агон Елези беа стрелци во победата на македонската репрезентација.
Вториот пријателски натпревар на избраниците на Горан Станиќ е закажан за в четврток (5. септември) од 11 часот. Двете контроли со Бугарија се последната проверка за оваа селекција пред стартот на квалификацискиот турнир за ЕП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА