Емотивна порака од Фергусон до Роналдо: Чест ми е што те познавам и што работевме заедно (ВИДЕО)

Алекс Фергусон и Кристијано Роналдо имаа посебна врска. Легендарниот стратег на Манчестер Јунајтед не пропушта ниту една прилика да му ги честита успесите на Пртугалецот. Роналдо пак често изјавува дека Фергусон му бил како тако и оти од него научил речиси се.

Роналдо го доби признанието за најдобар фудбалер во Пругалија, а Фергусон му испрати емотвно видео во кое меѓу другото потенцира дека Роналдо направил огромен прогрес и како личност и како неверојатен спортист.

„Би сакал да им кажан на мајка ти, семејството и на твоите деца дека ти направи одлична работа. Чест ми е што те познавам, што работев со тебе и што можев да го следам твојт прогрес во фудбалер каков што стана“ – вели фергусон.

Фергусон во 2003 година го доведе Кристијано Роналдо во Манчестер Јуанјтед како момче на 18 години. Португалецот остана на „Олд Трафорд“ шест години при тоа освјувајќи три премерлигашки титули и трофеј во Лигат на шампионите.

 

 

 

Се вчитува...