Поранешниот капитен на Манчестер Сити, Венсан Компани мотивиран од расизмот со кој се соочи неговиот сонародник, Ромелу Лукаку во Италија клучниот проблем го лоцираше во највисоките фудбалски институции. Тој смета дека во фудбалските тела нема луѓе кои би разбрале со што всушност се соочуваат фудбалерите кои се жртви на расистички напади.
„Луѓето кои треба да носат одлуки по оваа прашање никогаш во животот не се соочувале со ваков проблем. Фудбaлските институции немаат луѓе кои знаат како се чувствуваше Лукаку. Тое е најголемиот проблем, ако разгледате во ФИФА, УЕФА, во Серија А или во Премиер-лигата, во нив нема никаков диверзитет, никакви различности“ – вели Компани.
Покрај тоа што се сосочи со мајмунски извици за време на натпреварот, на Лукаку уште и дел од навивачите на неговиот клуб Интер му објаснуваа во писмо дека мајмунските крици не биле расизам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА