Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години загуби на вториот пријателски натпревар со 0-2 од соодветната селекција на Унгарија.
На дуелот кој се играше на стадионот на тренинг центарот на ФФМ во Скопје, Унгарците овој пат беа подобар противник сосема заслужено стигнувајќи до триумфот против избраниците на Горан Станковски.
Првиот тест натпревар меѓу двете селекции, кој се играше пред два дена, заврши без победник 2-2. Тогаш Македонија имаше предност и од 2-0 со головите на Дашмир Елези уште во 12. минута, и Кристијан Тасевски во 17. минута. Унгарија намали на 2-1 со гол на Бакос во 30. минута, а конечните 2-2 ги постави Сзујо во 51. минута од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА