Италијанската репрезентација продолжува со максималниот ефект во Групата Ј од квалификациите за ЕП 2020 откако славеше со 1-4 на гостувањето против Ерменија во Ереван.
Италијанците до триумфот стигнаа до финишот на мечот кога успеаја да го скршат отпорот на домаќините со погодоците на Пелегрини во 77. минута и Белоти во 80. минута за конечни 1-3.
GOAL ITALY 3-1#Azzurre #VivoAzzurro #ARMITA #ArmeniaItaly pic.twitter.com/EbKyuMQuly
— ? (@TacticalBus) September 5, 2019
Претходно, Ерменија поведе со голот на Карапетијан во 11. минута, а Белоти во 28. минута со својот прв гол на мечот израмни на 1-1. Хендикеп за Ерменците претставуваше исклучувањето на Карапетијан поради втор жолт картон во 45. минута.
Во почетниот состав на Ерменија настапија и поранешните „вардарци“, Хамбарџумјан и Барсегјан.
Италија со пет победи од исто толку натпревари е на врвот на табелата во Групата Ј, пред Финска која има 9 бода од четири натпревари и Ерменија со 6 бода. Грција и БиХ имаат по 4 бода од четири натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

