ЕКИПА во Израел,
Никола Ѓуровски
По првото полувреме без голови, Израел од 55. минута има предност од 1-0 на „Јаков Тарнер“ стадионот во Бер Шева во квалификацискиот натпревар против Македонија.
Трите промашувања на македонската репрезентација од првото полувреме, нереализираните идеални шанси на Барди, Алиоски и Елмас во периодот од 25. до 30. минута, во вториот дел Израелците ги казнија со погодокот на Еран Захави во 55. минута кој од непосредна близина по центаршутот од десната страна, од само 5-6 метри ја смести топката во мрежата од голот на Столе Димитриевски.
1-0. Zahavi. Brilliant from Manor Solomon. Zahavi has his 8th goal of qualification. pic.twitter.com/tqFMhRAvWl
— Israel Football (@Israel_Footy) September 5, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

