Израел беше „печен“ за пораз, утките ни „украдоа“ два бода (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација непоразена заминува од Израел, ремизирајќи (1-1) во петтиот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2020.

Во натпревар со многу тензија, можности и на двете страни, променливи моменти во играта, на крајот Македонија може и да жали за пропуштената можност за триумф, по нереализираната 100% шанса на Елиф Елмас во последните мигови од средбата.

Во секој случај, на „Јаков Тото Тарнер“ стадионот во Бер Шева убаво враќање во ритам на националниот тим, по двата претходни порази од Полска и од Австрија кои остануваат зад нас. Ремито на гости со Израел треба, без сомнение, да биде мотив повеќе за триумф против Летонија во Рига на дуелот на 9. септември…

 

Се вчитува...