Довчерашниот член на Вардар, Мартин Поповски, ќе биде големо засилување за Пролет откако десното крило ги договори условите за соработка со скопскиот суперлигаш.
Поповски беше дел од екипата на Вардар што стигна до две титули европски првак, но во текот на летово си замина од таборот на „црвено-црните“ во потрага по клуб каде би имал посериозна минутажа. Од неколкуте понуди на маса тој ја избра онаа на Пролет, откако во изминатите петнаесетина дена тренираше со овој клуб под водство на Никола Матлиески.
Нема сомнеж дека Поповски ќе биде од голема помош на Пролет во новата сезона што ќе стартува денеска. Пролет својот меч од првото коло ќе го игра утре, на домашен терен против Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА