Пујол се враќа во Барселона како спортски директор?

Поранешниот капитен на Барселона, Карлес Пујол, би можел да се врати на „Камп Ноу“ како спортски директор. Тој преговара со раководството на клубот за новата функција која најверојатно ќе му биде доделена во наредните неколку седмици. Тој ќе соработува со Ерик Абидал и со Рамон Планес.

„Разговараме за неговото враќање во клубот. Се надевам дека ќе ги прифати условите затоа што голем познавач на фудбалот и знае едноставно се за Барселона. Имаме двајца важни членови во тој сегмент, но сакаме и дополнително да се засилиме, а Пујол е вистинската личност“, изјави претседателот Јозеп Мариа Бартомеу.

Пујол целата кариера ја мина на „Камп Ноу“. Од 1999 до 2014 година запиша 392 настапи за сениорскиот тим на каталонскиот гигант и постигна 12 голс. Освои шест шампионски титутли, три пехари во Лигата на шампионите и два купа, а со Шпанија по еднаш беше европски и светски првак.

 

 

Се вчитува...