Женската одбојкарска репрезентација на Србија се пласира во големото финале и ќе ја брани европската круна што ја освои пред две години. Србинките во полуфиналната битката славеа против селекцијата на Италија со 3-1 во сетови и во финалето го очекуваат подобриот од дуелот меѓу Турција и Полска кој започнува во овие моменти.
Србија поведе со 2-0 во сетови. Првиот го доби со 25-22, а во вториот им препушти на Италијанките еден поен помалку. Но, противникот се врати во третиот сет (21-25) и барем за малку го одложи пласманот на актуелните светски и европски првенки во ново финале. Сепак, Србија беше доминатна во четвртиот сет и го комплетираше со 25-20.
Тијана Бошковиќ со 22 поени беше најистакната фигура во триумфот на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА