Актуелниот европски шампион, Португалија стигна до првата победа во квалификациите за самитот во 2020. година, откако ја совладаа Србија нагости со 2-4.
Првото полувреме ни донесе тврд натпревар без многу шанси, а Португалците поведоа по грешката на голманот на Србија, Дмитровиќ, по која реализираше Вилијан Карваљо во 42. минута. Во вториот дел Гудеш зголеми на 0-2 во 58. минута. На 1-2 Србија намали со голот на Миленковиќ во 68. минута. Кристијано Роналдо конечно успеа да погоди во 80. минута, носејќи повторно предност од два гола за својот тим (1-3). Србите повторно се вратија со голот на Митровиќ во 85. минута, а надежите на навивачите на „Рајко Митиќ“ ги расипа Бернардо Силва една минута подоцна кој го постави конечниот резултат од 2-4.
Албанија нема по убаво да го помни гостувањето во Франција. Покрај, тоа што домаќинот им ја згреши химната, тие од репрезентативците на актуелниот светски шампион примија четири гола. Коман и Жиру донесоа предност од 2-0, на полувреме, дел од мечот во кој Гризман не реализираше пенал. Во вториот дел Коман со својот втор гол и Иконе зголемија на 4-0, а почесниот погодок за Албанците го даде Чикалеши од пенал во 90. минута.
Турција се мачеше со аутсајдерот Андора, но успеа да го сруши отпорот на гостите во финишот на мечот. Херој за домашните фудбалери беше Туфан кој го постигна победоносниот гол во 89. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА