Нурмагомедов го „здроби“ Поирие, па повторно излета од октагонот… (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов ја одбрани УФЦ титулата во лесна категорија. На мечот во Абу Даби славеше против Дастин Поирие кој го предаде мечот во третата рунда.

Хабиб од самиот почеток тргна во својата борба, противникот потоа во втората рунда се врати во игра но не можеше против доминацијата на Нурмагомедов. Па, во третата рунда по жестока акција на Хабиб, Поирие мораше да ја предаде борбата…

 

По победата, Хабиб како и против Конор МекГрегов повторно излета од октагонот во публика. Овој пат не тргна да се пресмета, но во прегратка на првиот човек на УФЦ, Дани Вајт.

 

Се вчитува...