Македонскиот второлигаш Дрита испрати соопштение потенцирајќи дека тимот доживеал судиска неправда на мечот против Пелистер во Битола. Клубот бара од Судиската комисија при ФФМ да го разгледа целиот случај и да го казни судијата Константин Влахов, а се заканува и дека првенството нема да заврши ако судиите продолжат да судат на ваков начин. Во соопштението на ФК Дрита се вели:
ФК „Дрита” АД со пораз и со горчина се враќа од Битола, од натпреварот против ФК “Пелистер” АД во рамките на третото коло во Втората лига Запад. Горчина не поради поразот, туку поради фактот што нашиот тим е отштетен од судиската четворка, особено од главниот судија Константин Влахо од Скопје.
Имено, при резултат 1-1, во 54. минута на сцена стапи главниот судија и од сите присутни на стадионот само тој виде игра со рака во нашиот казнен простор и досуди пенал во корист на противничката екипа, со што целосно влијаше на крајниот резултат на натпреварот. Исто така во 85. минута досуди уште еден сомнителен казнен удар за домашната екипа, каде прекршокот е направен надвор од казнениот простор.
Бараме од Судиската комисија да се разгледа снимениот матерјиал од натпреварот и судијата Константин Влахо да биде драстично казнет. Во спротивно ќе се отвори сомнеж дека Комесарот за делегирање намерно го делегира истиот судија за да постапи како на натпреварот со Пелистер.
На крај остануваме со надеж дека нашите барања ќе се разгледаат и ќе се анализираат добро, за во иднина истите намерни грешки да не се повторат. Во спротивно првенството нема да има крај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА