ЕКИПА во Летонија,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) во Рига го игра шестиот натпревар од квалификациите за ЕП 2020, а противник е аутсајдерот во групата, селекцијата на Летонија. Домаќинот нема ниту еден освоен бод по досегашните пет кола, а мечот со Македонија го пречекува по убедливиот пораз (0-6) од Австрија на гости.
На денот на натпреварот, информациите се дека ќе има скромна посета од домашните фанови на вечерашниот дуел. Досега нема продадено ниту 2.000 влезници за мечот со Македонија, што е една петина од капацитетот на стадионот „Даугава“. Скромните игри и очајните резултати на селекцијата на Летонија создадоа лоша фудбалска клима и анимозитет кај домашните навивачи кога е фудбалот во прашање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА