Давид Де Хеа е блиску до продолжување на договорот со Манчестер Јуанајтед тврди британскиот „Гаридан“. Клубот и шпанскиот голаман се договориле тој да добива плата од околу 290 000 фунти неделно што е колку палтата на Пол Погба.
Договорот на Де Хеа истекува следното лето и со продолжувањето на соработката ќе му се овозможи на Јуанајтед се заштити од губење на голманот чија вредност на пазарот е околу 80 милиони фунти.
Годишната заработка на Де Хеа според новиот договор би била околу 17 милиони евра годишно. Една од главните обврски на менаџерот Оле Гунар Солскјер беше и да ги убеди главните играчи во тимот да ги продолжат договорите со клубот.
Де Хеа во Јунајтед дојде во 2011 година, сезонава бранеше на четири натпревари во Премиер-лигата и прими исто толку голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА