Без многу пот, на рутина и квалитет со три бода од Рига (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Рига, Летонија

Никола Ѓуровски

Се чини, без многу пот, без многу напор а повеќе на рутина македонската репрезентација стигна до планираните три бода од пресметката со Летонија во Рига.

Со десетминутна посериозна офанзива во периодот од 10. до 20. минута, и два погодоци на Пандев и Барди се стигна до триумфот кој немоќните Летонци не можеа да го загрозат. На крајот сето тоа за успешна септемвриска мисија, по која со дополнителен мотив ќе се очекуваат октомвриските квалификациски дуел против Словенија во Скопје и против Полска во Варшава…

 

Се вчитува...