УЕФА беше немилосрдна кон Партизан казнувајќи го со два натпревари без публика и парична казна од 24.250 евра.
Европската куќа ги казни „црно-белите“ поради расистичките испади на навивачите на дуелот против Малатија кога Партизан славеше со 3-1.
Еден натпревар суспензија клубот веќе одработи во плеј-офот од Лигата на Европа против Молде, додека вториот ќе биде во групната фаза од ова натпреварување против АЗ Алкмар.
Од Партизан веднаш испратија жалба за казната да биде намалена на еден натпревар како би имале можност за навивачи против холандскиот прволигаш.
Партизан во Лигата на Европа е во Групата Л заедно со Манчестер јунајтед, Астана и АЗ Алкмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА