Милевски диригира од ложата, Митревски и Чурлинов реализираат…, рекордна победа на надежите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младата репрезентација на Македонија на повеќе од убедлив начин ги почна квалификациите за ЕП 2021.

Надежите запишаа триумф од 7-1 против Фарските острови на тој начин запишувајќи се во аналите на македонскиот фудбал со највисока победа на една наша млада репрезентација во историјата. Претходниот највисок триумф беше во претходниот квалификациски циклус против Гибралтар од 6-1.

Селекторот Благоја Милевски, иако овој пат поради суспензија мораше да го следи дуелот од ложата на стадионот на тренинг центарот на ФФМ, на извонреден начин се враќа на официјален натпревар на клупата на селекцијата до 21 година. Милевски диригираше од ложата, паралелно со својот асистент Роберт Стојановски на теренот, а Митровски со три погодоци и Чурлинов со два реализираа се седум „парчина“ во мрежата на “рибарите“…

 

Се вчитува...