Пелистер покажа заби, но Бутел ги освои бодовите во Битола

Ракометарите на Бутел стигнаа до цел плен на гостувањето во Битола против Пелистер, откако по голема битка успеаја да го натераат домашниот состав на капитулација (24-26). „Пелистерци“ цело лето се мачат во неизвесност околу ростерот и најавената фузија со Работник, за на крајот побогатиот од двата битолски клуба да испрати неколку свои ракометари на позајмица во таборот на „зелените“.

И со таков комбиниран и недоволно воигран состав Пелистер одлично му парираше на Бутел. На одмор се замина со предност на гостите од Скопје од 12-14, но битолчани го отворија вториот дел со серија од 4-0 и го контролираа резултатот во првиот дел од второто полувреме. „Пелистерци“ последен пат водеа кон средината на второто полувреме (18-17), за Бутел со серија од 1-4 да го сврти резултатот во своја полза и потоа да го исконтролира текот на мечот до самиот крај.

Мајиќ повторно беше главно оружје на „бутелци“ постигнувајќи девет погодоци, Димитар Ѓеорѓиевски постигна пет гола за победничкиот тим, додека најефикасен во таборот на Пелистер беше Дарио Петровски со седум погодоци.

Се вчитува...