Малком Дилејни е кошаркарот што ќе ја има одговорната задача да го замени Томас Ертел на плејмејкерската улога во Барселона, откако американскиот ас денеска потпиша договор со каталонскиот гигант. Барса не планираше нови засилувања, но откако Ертел заработи повреда на коленото и мораше да биде опериран, челниците на клубот тргнаа во потрага по наследник на Французинот.
Изборот падна на Дилејни, одличен кошаркар кој има настапувано за Светислав Пешиќ во Баерн Минхен во сезоната 2013/14, по што бележеше одлични бројки и како член на рускиот Локомотив Кубан. Од 2016 до 2018 година тој настапуваше во НБА-лигата во дресот на Атланта хоукс, а ланската сезона ја мина во кинескиот суперлигаш Гвандонг, каде имаше просек од 19,4 поени и 5,7 асистенции по натпревар.
Дилејни е петтото засилување на Барселона за новата сезона, откако каталонскиот гигант летово ги потпиша и Миротиќ, Абринес, Хигинс и Дејвис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА